Комплекс Димитрија - Кавадарци
ул.Илинденска бр.82 , 1430 Кавадарци
стамбено деловен комплекс
Стамбено деловниот комплекс е модерна повеќекатница која обезбедува место за живот и работа во центарот на Градот по највисоки стандарди и со примена на најсовремени технологии обезбедува комфорен спокоен и квалитетен живот и услови за работа. Објектот располага со сите неопходни содржини кои далеку ја надминуваат останатата понуда на стамбени и деловни површини , не само локациски туку и квалитативно. Затоа топло ви препорачуваме да ја разгледате содржината на Нашиот сајт и да се информирате пред да побарате понуда. Информациите кои Ви ги нудиме на Нашите содржини се коректни и вистинити и ја валоризираат вредноста на Нашата понуда, особено на понудата за стамбен простор. Освен модерното архитектонско решение и екстериерен изглед , обратете внимание на интериерното решение , различните типови на станови и нивната катност и распоред , квалитетната градба , топлинската изолација прилагодена кон локацијата и огромните температурни разлики во Тиквешијата, звучната изолација како клучен фактор не само за чување на приватноста помеѓу становите туку и на градската бука во центарот на Кавадарци. Едноставно квалитетот на содржините на објектот Ви овозможуваат идеални услови за живот. Станарите при правењето на изборот на место за живот најчесто се фокусираат на цената на квадратот стамбен простор, но во тој момент не земаат во предвид дека токму таму треба да живеат. За жал тоа наместо радост од новината им носи стрес и немир поради нарушената приватност , неадекватната топлинска и звучна изолација т.е. едноставно радоста преминува во големо разочарување. Ние Ве убедуваме дека од моментот кога ке стапнете во Нашиот комплекс видно ке ја осетете разликата на квалитетниот и мирен живот. Секако дека тоа оди со одредена цена но дали може да ставите цена на Вашиот спокој , здравје , најблиски , дали може да го израчунате Вашиот стрес? Ние не сме најпаметните и немаме намера да расудуваме во Ваше име , Ние едноставно ги следиме светските трендови и позитивни искуства од западот, ги почитуваме препораките на архитектите и дизајнерите , а најмогу од се сугестиите од станарите и нивните искуства. Без посебно додатно одложување уште еднаш ве покануваме да го погледнете Нашиот сајт , а Ние Ви стоиме на располагање 24/7 за било какви додатни информации.
комплексот располага со подземен и партерен паркинг простор од исток , деловни простории во приземје со излез на ул.Илинденска , стамбени површини на шест ката и поткровје сместени од источната и западната страна. И покрај тоа што објектот е лоциран на центарот од градот од источната страна од третиот спрат па нагоре имате прекрасна панорама на градот , а пак за оние кои се љубители на настаните од западната страна може да се следат сите збиднувања во централниот дел од градот на улица Илинденска како и следење на паради , маршови карневалски поворки за Тиквешки гроздобер...
стамбени простории
Доколку сте заинтересирани за резервација Ве молиме обратете се на КОНТАКТИ
деловни простории
Доколку сте заинтересирани за резервација Ве молиме обратете се на КОНТАКТИ